Канцеларијата за образование на округот Лос Анџелес соопшти дека училиштата во 19 окрузи во тој дел на Калифорнија денеска се затворени поради ширењето на пожарот.
На повеќе од 30.000 луѓе им е наредено да се евакуираат во Јужна Калифорнија откако избувна шумски пожар во населбата Пацифик Палисадес во близина на Лос Анџелес, кој досега остави една жена пожарникар тешко повредена, а неколку други со изгореници објави ABC News.
Најмалку 220.916 корисници се без струја во округот Лос Анџелес поради пожарот, кој зафати повеќе од 2.900 хектари земја.
Како што е соопштено, поради силните ветрови во Санта Ана, пожарот во Пацифик Палисадес се шири со брзина од пет фудбалски игралишта во минута.