Ученик од деветто одделение отворил оган со воздушна пушка во една гимназија во Уфа, најголемиот град во Република Башкортостан во Русија, потврди гувернерот на таа република Радиј Хабиров.

Според неговите зборови, во инцидентот немало повредени, а малолетниот напаѓач бил приведен. Како што пренесува руската агенција ТАСС, безбедносните служби веднаш реагирале, а состојбата во училиштето била ставена под контрола.

Хабиров наведе дека нема опасност за учениците и наставниот кадар и дека во моментов се утврдуваат сите околности поврзани со настанот.

Текстот Ученик пукал во училиште во Русија е превземен од МАКФАКС.