МВР информира дека ученичка во училиште на територијата на Општина Центар имала список со закани за нејзини соученици. Како што велат од таму, списокот е откриен вчера, по пријава на 47-годишна жена и информирани се сите надлежни институции.

-На 08.05.2023 во СВР Скопје 47- годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачје на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици. Известена е директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.