Записникот од десеттата средба, учебниците за седмо одделение кај нас, како и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат теми на дискусија денеска и утре на 12. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Состанокот ќе се одржи онлајн поради состојбата со Ковид-19, а формално домаќин на оваа 12. средба на членовите на Комисијата е Северна Македонија.

Комисијата се состана на 22 јануари, но само заради усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба.