„Во моментов ја подготвуваме идејата да се интервенира во законот доколку централната власт не е во можност да обезбеди книги, таа да им се даде на општините. Ќе покренеме иницијатива за во изнесените случаи општината да има право да ги снабдува учениците со книги бидејќи станува збор за законско право кое им се ускратува на учениците. Во контакт сме со родителските совети. Над 5.500 родители се потпишаа во петицијата. Доколку оваа состојба не се подобри во следната учебна година, ние како општина ќе поддржиме организирање на протести“; рече Касами.

Прашан од Алсат, министерот за образование, Јетон Шаќири, го одби ваквото барање на Касами затоа што законот тоа не го дозволувал.

„МОН е во фаза на измени на овој закон и ќе биде разгледана и оваа можност. Но, од друга страна, општина Тетово минатата година не ги искористи сите средства од МОН“, рече Шаќири.

Според министерот, општина Тетово оваа година имала најголем број на училишни текстови споредено со она што локалната власт го побарала. Имено, од вкупно 52.884 побарани текстови, биле предадени 42.000, односно околу 80%.

Инаку, тетовските училишта се соочуваат и со голем недостиг на лектири. Неколкуте што ги има во училишните библиотеки се стари и оштетени. Директорката на ОУ „Лирија“, кое е едно од најголемите во градот, вели дека поради немањето книги, учениците честопати се принудени да читаат лектири кои не се дел од наставната програма.

„Бројот на книги не е колку што треба, колку што е потребен. Поради недостигот ги насочуваме учениците во градската библиотека за да можат таму да го добијат тоа што го имаат. Има доцнења, многу доцнења во делот за книгите, но се надеваме дека во иднина нешто ќе биде подобро. Ни требаат главните книги. Наставникот по албански јазик не може да го исполни својот дел што треба да му го даде на ученикот, книгата што треба да ја прочита, треба да му даде поинаков наслов или треба да оди на друго место за да ја прочита книгата што треба да ја прочита“, рече Мамудије Амети, директорка на ОУ „Лирија“ Тетово.

Но, немањето читални уште повеќе ја влошува состојбата. Директорите на некои училишта во Тетово повеќе пати ја нагласуваа потребата од читални. Инаку, општина Тетово им подели над 10.000 наслови на училиштата во градот.