Ѝ ја лајкнав сликата на Инстаграм, таа ме заследи и почнавме да се допишуваме. После некое време ме повика да се најдеме во хотелот на пијачка. Работите се движеа во добра насока и таа ме повика во својата хотелска соба“ ја започна својата исповед за „Сан“ Чарлс Друри (22), еден од многуте млади љубовници на британската старлета Кејти Прајс (41).

Старлетата неодамна го шокираше светот со својот изглед после операцијата.

Profimedia
Profimedia

За своите години изгледа добро. Но никогаш не знаете што е природно. Во еден момент ѝ пукнаа конците на градите“, продолжува да раскажува Чарлс, кој за старлетата рече дека е „мрзлива во кревет“.

Мислев дека тоа ќе биде исполнување на соништата, но на крајот немав со што да им се пофалам на пријателите. Сметав дека тоа ќе биде многу подобро искуство, но на крајот останав разочаран. Имав високи очекувања од неа… Би ѝ дал оцена 1 од 10, за умешноста во постелата“, вели Чарлс.

Instagram
Instagram

После сексот, кој очигледно не бил најдобар ниту за старлетата, таа подивела. Како што кажува Чарлс, почнала да уништува сè низ хотелската соба.

Парот после таа прва средба, се сретнал уште неколку пати, но како што Чарлс самиот признава, имало и многу опијати…

Најлошото беше кога немаше спиено 4 дена во својата соба. Само се забавуваше. Ќе престанеше со забавата и ќе започнеше да средува по дома. Ќе седнеше во собата и сè ќе сортираше по големина, а потоа и по боја. Прекинавме брзо после тоа“ рече за крај Чарлс.

Преземено од Еспресо.мк