Српската водителка Јована Јоксимовиќ со години е во хармоничен брак со кантавторот Жељко Јоксимовиќ, а сега проговорила за нивниот однос, за љубомората и за децата.
Јована истакнала дека никогаш не ја оптоварувал фактот дека таа е животна сопатничка на еден од најуспешните музичари во регионот.
– Не, бидејќи од самиот почеток се вклопивме, „кликнавме“, живееме, работиме, воспитуваме деца како тим, и ништо никогаш не ни е тешко – рекла водителката.
На прашањето дали е љубоморна како сопруга, Јована рекла:
– Љубоморна сум како жена, а не како сопруга. Едноставно, тој е мој и Божји, и нема што да се додаде. Исто е и обратно Тој е љубоморен како маж. И сето тоа само сведочи за љубовта, не за недовербата.
Јована Јоксимовиќ исто така истакнала дека таа и Жељко секогаш бараат рамнотежа кога станува збор за одгледувањето на нивните три деца, синот Коста и ќерките Ана и Срна.
– Ние се обидуваме да бидеме непопустливи во оние животни принципи коишто од нив ќе направат добри луѓе, сè друго се трудиме да разбереме и да им помогнеме, а не да ги караме – рекла водителката.
Јована искрено зборувала и за тоа дека не секогаш имала голема самодоверба, но дека работела на тоа со години.
– Бев и исплашена и несигурна на моите почетоци. Тогаш сфатив, научив дека несигурноста може да го замени само знаењето. И почнав многу да учам за мојата работа. И сè уште го правам тоа – рекла Јована.