Денеска, во 11.34 часот, од полициски службеници од СВР Скопје од слобода бил лишен Б. Ј. (52) од Скопје.
Тој, според полицијата, во својот дом на подрачјето на Бутел со нож му нанел убодна рана на својот татко В. Ј. (75).
75-годишниот маж бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде што од страна на лекар е констатирана смрт.
По документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.