Трагичен настан го потресе Гостивар вечерва. Усмртен е млад гостиварец, близу бул. „Гоце Делчев“, објави gostivarpress.mk.

Според инфорамциите кои Gostivarpress.mk ги доби од СВР Тетово,  околу 19 часот и 40 минути во полиција било пријавено дека во гостиварската болница “Ферид Мурад” бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А, со влезно-излезна прострелна рана во главата. Укажана му била лекарска помош, но Г.А. им подлегнал на задобиените повреди.

Во тек е увид што го вршат Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се преземаaт мерки за расчистување на случајот. Други детали за сега не се познати.