Најмалку 12 безбедносни агенти се убиени денеска при напад со бомба поставена покрај пат во близина на сомалискиот град Душамареба, каде политичките лидери се сретнаа во обид да го решат спорот околу процесот на претседателските избори што треба да се одржат утре.
Исламистичката милитантна група Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.
Меѓу убиените е и Абдирашид Абдунур, шеф на Агенцијата за национално разузнавање и безбедност во Душамареба, изјави полицискиот портпарол.