Заменик гувернерот на Кабул Махбубулах Мохеби денеска загина во експлозија на бомба која била прикачена на неговиот автомобил.

Повредени се и двајца негови телохранители, јави ДПА повикувајќи се на портпарол на Министерството за внатрешни работи. Во експлозијата загинал и секретарот на Мохеби.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Минатата недела авганистански обвинител беше застрелан во источен Кабул.