Утринава околу 2:30 минути итната медицинска помош примила повик за интервенција на ул. Максим Горки во Велес. Прегледот на лекарскиот тим констатирал смрт кај маж на околу 40 годишна возраст кај кого била утврдена убодна рана од нож во пределот на градниот кош, пренесува Сител.
Се огласија и од МВР за инцидентот:
„Денеска (29.09.2021) во 05.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес, поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Бил извршен увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против П.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.“, велат од МВР.