„Темелот за наоѓање решение на прашањето меѓу Софија и Скопје е Договорот од 2017 година. Нема нови услови и нема нови чуда што треба да се случат. Заев треба да одговори дали има друг план, на што се надева и зошто е таа дезинформација. Однесувањето на македонските политичари открива дека тие немаат желба и бараат друга варијанта. Се надевам дека таа друга варијанта нема да ја осуди земјата на бестежинска состојба во следните неколку години“, изјави пред бугарското Национално радио, Љубчо Нешков, новинар и сопственик на бугарската информативна агенција БГНЕС.
Нешков разјаснува дека спорот меѓу Бугарија и РС Македонија не е за историјата а е криминален за фалсификувањето за историските факти.
„Македонија нема амбасадор во Софија од година и половина. Сакаат решение за ова прашање а немаат претставник во Софија, што значи тоа?“, вели Нешков. Во емисијата „Сабота 150“ на БНР, Нешков додава: „Македонското прашање е гео-политичко а не идеолошко. Не зависи тоа која партија е на власт во било која од земјите. Ние не учествуваме бучно во одбраната на нашите ставови, бидејќи тоа е една од целите на пропагандата. Двете земји да станат дел од јавен и тежок конфликт. Дали треба да ја смениме тактиката-ДА. Дали треба да бидеме поактивни?- Категорично. Но дали треба да влегуваме во тој начин на зборување?- Не. Проблемот меѓу Софија и Скопје не е меѓу народите а меѓу длабоката држава во Македонија за која зборуваат самите македонски политичари, и те кои во моментот ги исполнуваат нивните наредби“, вели Нешков.
„Во Скопје се наметнува омраза кон Бугарите. Со лагата дека Софија го негира нивното право на самоопределба“, кажува Нешков во интервјуто.
„Јас веќе не знам дали има бугарски политичар државник, поранешен, сегашен или иден, којшто отворено да не кажал дека никој во Бугарија нема проблем со нивниот идентитет. Тоа исто така е говор на омраза. Секој ден на Македонците им се кажува дека Бугарите сакаат да им го земат јазикот, нацијата и идентитетот. На ваков начин се создава отпор и омраза“, дециден е сопственикот на БГНЕС, Љубчо Нешков.