Откако предизвика бура реакции со неговиот предлог од пет точки за дијалогот со Бугарија, објавен на Фејсук, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски повторно се огласи на социјалната мрежа.
Тој напиша:
-Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А со задоволство би прифатил и доктор на науки по историја. Па еве ви кукавици отворена понуда за дуел, пишува Георгиевски.
Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме…
Posted by Ljubco Georgievski on Monday, 1 March 2021
Причината за реакциите е неговиот текст подолу во линкот.