Сите пациенти кои беа примени по трагедијата во Кочани се екстубирани. Овој тип на изгореници се тешки и тие бараат долго закрепнување и третман, секогаш постои ризик по животот. Ова за Нова ТВ го изјави директорот на болницата „Пирогов“ д-р Валентин Димитров, пренесува БГНЕС, јавува Трибуна.
Наша желба е што подолго да им помогнеме на овие деца, лекувањето ќе биде долго и ќе трае колку што треба, додаде Димитров. Третманот е многу скап, но тоа е третман кој вклучува многу биолошки производи и антибиотици, не размислуваме за пари. Дискусијата за пари не била на дневен ред, болницата е обезбедена, категоричен е Димитров.
Во моментов дел од децата се со помошна маска за кислород, но кога имаме вакво оштетување кое го зафатило респираторниот тракт, тешката состојба е подолго време, бидејќи вдишиле многу отровни гасови, бактерии, тоа е амалгам од штетни материи, објасни директорот на Пирогов.
Постојано имам разговори со државници и амбасадори од РС Македонија, секој ден во 8.30 доставувам информации до нивниот министер за здравство за состојбата на децата, додаде Димитров.