Ѕвездата од серијата „Бел лотос“, Александра Дадарио (39) и филмскиот продуцент Ендру Форм (57) го завршија својот тригодишен брак.

Поранешната двојка има 15-месечен син, а според „Дејли меил“, Александра поднела барање за развод.

„Александра Дадарио и Ендру Форм одлучија да го завршат својот брак. Тие ја донесоа оваа одлука со меѓусебно почитување. Тие ќе продолжат заедно да се грижат за своето дете и ќе бараат приватност во овој период“, изјави нејзиниот ПР тим.

Последен пат беа видени заедно минатата година на добротворен настан во Лос Анџелес. Покрај нивното дете, Ендру има две деца од претходен брак, а Александра има одличен однос со нив.

Покрај тоа, веста за разводот го одвлече вниманието од неодамнешните негативни коментари за актерката. Беше напишано дека нејзината глума била многу лоша, а таа проговори за тоа.

„Не сум лоша актерка. Само работев на некои проекти кои не ме прикажаа онака како што треба. Во ред?“, изјави Дадарио во тоа време.

Текстот Убавата актерка се разведува: Љубовта траеше кратко со мажот постар 18 години е превземен од МАКФАКС.