Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку социјалните мрежи информираше дека Обединетото Кралство, односно Велика Британија ги призна македонските возачки дозволи. Македонските граѓани кои имаат претстој во земјите Англија, Велс и Шкотка можат да ги заменат без да полагаат повторно возачки испити.
-Со задоволство можам да ве известам дека Обединетото Кралство, врз основа на потпишан билатерален договор, ги призна македонските возачки дозволи, а нашите државјани кои престојуваат на територијата на Англија, Велс и Шкотска од 20 мај ќе можат да поднесат барање за замена на дозволите, напиша Спасовски.
Со задоволство можам да ве известам дека Обединетото Кралство, врз основа на потпишан билатерален договор, ги призна…
Posted by Oliver Spasovski on Thursday, 6 May 2021