12-годишниот Александар од Перник е пронајден жив и здрав. Детето било пронајдено недалеку од Радомир. Веста инстантно ја преплави социјалната мрежа Фејсбук, откако во првите денови од исчезнувањето на момчето беше организирана невидена волонтерска акција, пренесува Трибуна.

БГНЕС потсетува дека 12-годишниот Александар бeше исчезнат од минатиот петок 11 ноември. Вчера таткото на момчето објави парична награда од 100.000 лева за оној што ќе го најде неговиот син.