Ирена Вујовиќ, министерката за заштита на животната средина на Србија, стана хит на социјалните мрежи откако се појави видео во кое таа се “бори“ да прочита извештај за работата на нејзиниот оддел од собраниската говорница.
Настанот на почетокот остана незабележан сè додека снимката не се емитуваше во емисијата „7 на Х1“.
Се покажа дека министерката не е најсигурна во тоа што го пишува на листот и таа го чита, можеби била нервозна, но како и да е – резултатот е пелтечење, неправилно читање и многу лапсуси.
На ова видео следеа бројни коментари, како и тие дека убавата министерка не знае ни да чита.