Вчера во 19.55 часот во село Лавци, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода 33-годишниот М.К., 38-годишниот Д.П. и 36-годишниот Д.М., сите од Битола.

При претрес во домот на М.К.(33) во село Лавци, извршен со судска наредба, во кој беа затекнати и Д.П. и Д.М., пронајдени и одземени се дигитална вага со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, 41 стаклена тегла со изртена габична материја, тегли, шишиња и шприцеви исполнети со течност, импровизирани саксии со растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Текстот Уапсени тројца битолчани: при претрес пронајдена дрога е превземен од МАКФАКС.