Ноќеска во 01:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 30-годишниот А.С. од село Романовце, кумановско. Тој е затекнат во куќа во село Романовце, сопственост на Х.Ш., при обид да одземе предмети.
Вчера во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 32-годишниот У.З. од Куманово. Тој се сомничи дека на 01.01.2026 со употреба на сила влегол во деловен простор на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово и одзел предмети.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Текстот Уапсени крадци од Куманово и кумановско, следуваат соодветни пријави е превземен од МАКФАКС.























