Полицијата уапси две грчки државјанки, осомничени за извршена кражба во продажно место на подрачје на општина Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција.
Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором украле повеќе козметички производи.
По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Уапсени две жени од Грција, краделе козметика во трговски центар во Аеродром е превземен од МАКФАКС.























