На 04.05.2021 во 23.40 часот на ул.„Македонско – косовска бригада“, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Х.(34) и С.Н.(32), двајцата од Скопје, поради сомнение дека околу 18.30 часот, заедно со А.Ш. и уште едно лице, во дворот на Ш.М.(46) на ул.„Македонско–косовска бригада“, со огнено оружје упатиле закани кон него и неговото семејство.
По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.