На 25.01.2022 во 15.00 часот на ул.„69″, во близина на Железничката станица Скопје, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Џ.А.(43), А.Б.(32), Р.Р.(55) и Г.Б.(44), сите од Скопје, бидејќи кај нив била пронајдена поголема количина разновидни производи без соодветна документација. Тие биле приведени поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.278-б од Кривичниот законик за „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама”. По целосното документирање на случајот против нив ќе следи соодветен поднесок.