Турските власти уапсија 2.554 лица како дел од националната антитерористичка операција започната откако курдски милитанти активираа бомба во близина на владините згради во Анкара пред една недела, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Двајца терористи извршија бомбашки напад пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, при што двајца полицајци се полесно повредени.

Еден напаѓач се разнесе, а другиот бил убиен од полицијата, соопштија локалните власти.