Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 21.20 часот на подрачјето на Бит Пазар лишиле од слобода 15 лица, меѓу кои и еден малолетник, сите од скопско, бидејќи биле затекнати како гости во угостителски објект на улица „Џон Кенеди“.
Као што информира МВР, приведените лица биле затекнати во угостителскиот објект, кој работел по пропишаното работно време, при извршена контрола од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, во содејство со полициски службеници.
– Од страна на ДПИ објектот е запечатен со пломба и затворен, а против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, се додава во соопштението на МВР.