Десет лица се уапсени во Бристол во југозападна Англија, откако демонстранти, кои протестираа против новиот закон за безбедност, фрлаа стаклени шишиња и цигли кон полицијата.

Илјадници демонстранти се собраа во центарот на градот, игнорирајќи ги рестриктивните мерки, во знак на протест против нацрт-законот што се дискутира во парламентот. Доколку законот биде усвоен, на полицијата ќе и се дадат поголеми овластувања за забрана на улични протести, пренесува агенцијата Ројтерс.

– Advertisement –

„Десет лица се уапсени за различни дела, вклучително и насилно однесување, напад врз работник на Службата за вонредни ситуации и поседување на наркотични средства“, изјави полицискиот службеник Марк Ранакриз.

Прикажи повеќе