Британската државјанка Кетрин Омани (53), која во минатото тврдела дека била љубовница на принцот Хари, е уапсена на шпанскиот остров Мајорка поради сомнеж дека го напуштила хотелот без да ја плати сметката, пренесе Танјуг.
Според полицијата, Омани е осомничена за измама откако наводно заминала од хотелот „Плајас дел Реј“ во летувалиштето Санта Понса, во близина на Магалуф, без да плати околу 550 евра за деветдневен престој од 2 до 11 јануари. Таа била уапсена и истиот ден изведена пред судија во Палма, по што била пуштена да се брани од слобода, пишува Мирор.
Портпарол на Цивилната гарда го потврдил апсењето, наведувајќи дека станува збор за 53-годишна Британка осомничена дека го напуштила објектот без плаќање. Локалните медиуми објавија дека резервацијата наводно била направена со картичка без средства.
Омани, дизајнерка на ентериер и поранешна учесничка во ријалити-програмата „Вистинските домаќинки од Лос Анџелес“, ги демантираше обвинувањата, тврдејќи дека сметката е целосно платена и дека станува збор за техничка грешка на хотелот.
Таа во ноември 2022 година изјави дека имала двомесечна афера со принцот Хари во 2006 година, откако се запознале во бар.
Фото насловна: Depositphotos
Текстот Уапсена риалити-ѕвездата која тврдеше дека му била љубовница на принцот Хари е превземен од МАКФАКС.























