Синоќа во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с.Камењане, тетовско.

Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Текстот Уапсен возач од тетовско, возел пијан во спротивна насока е превземен од МАКФАКС.