Вчера во 17:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 36-годишниот А.Ф. од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, е пронајдена марихуана, а при преглед кај него се пронајдени неколку пакувања со амфетамин.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Уапсен струмичанец: при претрес пронајдена дрога е превземен од МАКФАКС.























