Вчера во 20:05 часот во село Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го приведоа 32-годишниот А.М. од село Врапчиште.

Тој бил баран врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 190-а од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.

Текстот Уапсен маж од Гостиварско за издржување затворска казна, спроведен е во Затвор Тетово е превземен од МАКФАКС.