Околу 300 килограми кокаин денеска беа запленетина пристаништето во Драч во Албанија. Кокаинот бил сокриен во камион со македонски ознаки, кој што требало да замине за Италија.
Како што може да се види и од самата фотографија објавена од страна на полиција, кокаинот бил спакуван во пакети и под логото на светски познатите брендови „Чикаго Булс“, „Кензо“, „Диор“, како и под логото на францускиот фудбалски гигант ПСЖ.
Како што информираат од албанската полиција, со камиотнот управувал македонскиот државјанин Н.А (40) и истиот веднаш е уапсен од страна на полицијата.
Сега истрагата треба да открие, дали дрогата била натоварена во Македонија и ја поминала границата и истата не била откриена, кој стои зад тоа и која била финалната дестинација.