Полицијата уапси крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор. Тој е спроведен во Затвор Струмица за доиздржување на казната.

Вчера во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(23) од Радовиш. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран по распишана потерница поради бегство од Затвор Струмица, каде имал за доиздржување три години и осум месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

Текстот Уапсен крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор е превземен од МАКФАКС.