Возрасен маж од селото Ораовица, радовишко, со престојувалиште во селото Ерџелија, светиниколско, е приведен во средата од полициски службеници од Полициската станица Свети Николе поради постоење основи на сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот каде престојувал 59-годишниот Б.Т.. Одземен му е мобилниот телефон, а по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.