Поранешниот претседател на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша, демантираше дека таа партија земала пари од Русија.

„Демократската партија никогаш не добила странско финансирање, а уште помалку од руски извор. Кога таквите тврдења беа објавени во некои медиуми, Демократската партија официјално побара од правосудниот систем да ги истражи овие наводи и целосно соработуваше со правосудниот систем, кој го отфрли секое тврдење за странско финансирање“, напиша Баша на Твитер.

Прикажи повеќе