Близу осум илјади вработени останале без февруарските плати поради заглавениот петти пакет во Собранието. Од УЈП велат дека станува збор за 10,7 отсто од фирмите и самостојните вршители на дејност кои не успеале да исплатат плати. Засега, на компаниите им се испратени само опомени. Поригорозни мерки УЈП нема да превзема онаму каде што причината е чекањето на државната помош за исплата на плати.
„Ние нема да бокираме онаму каде што нема основ да се блокира, зборуваме за ситуација каде што во моментов одредени комапнии ја чекаа финансиската подршка и можеби затоа во нивните сметководствени калкулаци кои што ги имаат направено како даночни обврзници очекувале дека навремено ќе стигне оваа финансиска подршка немајќи средства во моментов да исплатат плата кај нас во евиденција е декетирано тоа и имаме доставено опомени“, рече Сања Лукаревска- Директорка на Управа за јавни приходи.
– Advertisement –
Од овој месец компаниите кои 2020 година финансиски ја завршија со позитивно салдо ќе имаат обврска да вратат 50 отсто од земената државна помош за исплата на плати на три месечни рати без камата.
„За реализација на сите овие мерки за подршка на стопанството државата одвои и исплати осум милијарди денари или 135,344 милиони евра. Обврската за враќање на примената финансиска помош е во износ од една милјадра денари или околу 20 милиони односно 14,5 проценти од вкупно исплатената поддршка“, додава Лукаревска.
УЈП ги разгледува и барањата доставени од компаниите кои сакаат земената државна помош да се претвори во грант. Ова се однесува на компаниите кои годината ја завршиле со добивка, но парите од државата ги инвеститале во човечки капитал или за оперативни вработувања со што нема да треба да ги вратат земените пари.
Андреа Чобанова