Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден нареди фабрика во Балтимор, каде беа уништени 15 милиони дози на вакцината на „Џонсон и Џонсон“, поради грешка при вмешање со дел од препаратот за вакцината „АстраЗенека“, повеќе да не ја произведува вакцината на „АстраЗенека“, објави „Њујорк Тајмс“.
Отсега натаму, фабриката ќе произведува само вакцина на „Џ/Џ“ со една доза за да спречи мешање во иднина на составот на вакцините, се наведува во извештајот во кој се цитирани двајца високи федерални здравствени службеници.
„Џ/Џ“ објавија дека ја преземаат целосната одговорност за производството во таа фабрика, потврдувајќи ги промените. (МИА)