Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека е направена техничка надградба на нивните електронски системи со цел користењето на истите да биде уште полесно и поедноставно.

„Најавата на почетната страница на системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk/) сега е пренасочена преку порталот е-Даночни услуги (https://e-ujp.ujp.gov.mk/), со што пристапот станува поедноставен и побрз. Со едноставно кликање на линкот „ПДД“ во горниот десен агол на екранот, ќе можете да ги користите сите функционалности кои веќе ги познавате и кои се дел од постоечките функционалности на системот е-Персонален данок“, објаснуваат од УЈП.

„Имплементиран е и нов начин на дигитално потпишување, независен од верзијата на JAVA и типот на интернет пребарувачот, како втора опција за дигитално потпишување во системот. За користење на оваа опција, потребно е да се инсталира софтверот достапен на линкот кон кој ве води самото апликативно решение.

Со воведување на оваа можност сакаме да излеземе во пресрет на даночните обврзници кои се соочуваат со предизвици при функционирањето на дигиталното потпишување на различни платформи и интернет пребарувачи. Како дел од процесот на унапредување, во текот на вчерашниот ден се појавија краткотрајни технички предизвици. Ви благодариме за вашето трпение и разбирање во тие моменти. Доколку се соочите со какви било потешкотии или ви е потребна техничка помош или поддршка, контактирајте го ИНФО ЦЕНТАРОТ на Управата за јавни приходи. Контакт телефон: 0800 33 000 (од фиксни линии), 02/3253 200 или е-пошта: [email protected]“, се додава во соопштението на УЈП.

Текстот УЈП: Направена е техничка надградба на електронските системи за полесно и поедноставно користење е превземен од МАКФАКС.