Социјалната мрежа Твитер го блокираше профилот на министерот за здравство Венко Филипче поради „ забележана необична активност од овој профил.“

Од неговиот кабинет ја потврдија информацијата и велат:

-Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација. Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи профилот, се работи на надминување на проблемот.