Најдете го Мијалов или поднесете остава! Тоа било ултимативното барање на премиерот Зоран Заев на состанокот што денеска предпрладне го имал со двајца министри, неколку директори на агенции, како и луѓе од обвинителството и судовите, известува ТВ24.
Телевизијата тврди дека премиерот барал детални информации за чекорите кои институциите ги преземале пред и за време на бегството, како и за можните пропусти во постапките.
„На средбата имало јасни и високи тонови, додека институциите покажувале со прст една на друга“, пренесува Телевизијата од извори од кабинетот на премиерот.
Според нив, Заев бил видно лут, па дури и се заканил дека доколку не се пронајде Мијалков, ќе има итни разрешувања, а од останатите јавно ќе побара одговорност.
Освен тоа, средбата наводно завршила во нервозна атмосфера, во очекување на расплет во наредните 3-4 дена, колку што Заев дал рок за резултати.