Телевизија 21 неофицијално дознава дека разрешувањето на Меритон Цивули од функцијата шеф на кабинет на министерот за здравство Беким Сали, следи откако Цивули побарал назначување на директори Албанци во клиниките и поголема застапеност на Албанците меѓу лекарите и медицинските сестри.

Од огранокот Чаир се оградија од барањето на, како што ги нарекоа, 11 активисти кои побараа разрешување на министерот Сали. Претседателот на огранокот Чаир Фатон Фазлиу објасни дека барањето нема врска со со огранокот туку е резултат на лично незадоволство.