Претставници од Иницијативниот одбор на тутунарите и од Сојузот на тутунските здруженија денеска во 14.00 часот треба да имаат средба со премиерот Зоран Заев.

Како што изјави за МИА претседателот Сојузот, Менде Стомнароски, производителите ќе ги повторат своите барања – реална проценка на тутунот и максимум пет отсто одбитоци.

Според Стомнароски, на средбата во Владата нема да присуствуваат откупувачите.

-Откупот на тутунот тече, проценката е пофлексибилна, но некои компании уште играат „топло-ладно“. Зголемена е малку и просечната цена која моментно изнесува околу 168 денари за килограм, рече Стомнарсоки.

Досега се откупени 2,5 милиони килограми или десет отсто од вкупната реколта, за разлика од лани кога ова време беа преземени 40 проценти или 13 – 15 милиони килограми.