Министерството за надворешни работи на Туркије изрази сочувство до роднините на загинатите во пожарот и до народот во земјата, известува Анадолу.

Во писменото соопштение на турското МНР, во кое се изразува длабока тага за загубата на животи во пожарот што избувна за време на концерт во Кочани, се вели:

„Изразуваме сочувство до роднините на загинатите и до народот во Северна Македонија, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.“

Во соопштението се наведува дека животот го загубиле 59 лица во трагичен пожар што избувна во дискотека во Кочани, град во источниот дел на Северна Македонија.

Во продолжение се вели дека во пожарот се повредени 155 лица што се пренесени во болниците во главниот град Скопје и во други околни градови.