На турската армија и требаат само неколку дена за да биде подготвена за копнен упад во северна Сирија и таквата одлука може да дојде на денешниот состанок на владата на кој ќе учествува претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштија турските власти, додека турските сили бомбардираа курдска милиција преку границата. Ескалацијата доаѓа по смртоносниот бомбашки напад во Истанбул пред две недели за кој Анкара ја обвини курдската милиција која пак, негира вмешаност во бомбардирањето и на моменти одговараше на прекуграничните напади со минофрлачки гранатирања.

Advertisements

Прикажи повеќе