Рецептот за успехот на многу турски серии на нашите простори не е тајна. Во повеќето, наративот се сведува на борбата на доброто и злото во која доброто секогаш победува.

И, се чини дека таа формула се продава добро. Турската државна телевизија „ТРТ“ наведува дека во моментов само САД ја надминува турската продукција во продажба на забавни телевизиски содржини, пишува „Индекс.хр“.

Според турската новинарска агенција „Анадолија“ извозот на турската телевизиска продукција се очекува да достигне една милијарда долари во 2023 година.

youtube
Принтскрин / Youtube

Имено, турските драми, особено оние со историска содржина, ги обожаваат во арапските говорни подрачја. На Балканот, кај нас и во Шпанија, од друга страна пак, најдобро поминуваат претежно класичните и прилично конзервативни турски љубовни приказни.

Но, дали популарноста на турските серии има и друга страна? На пример, Египет постојано предупредува кога станува збор за турски продуцкии затоа што верува дека Турција преку нив сака да го прошири своето влијание во регионот.

youtube
Принтскрин / Youtube

Културолошко влијание

Историските драми, сместени во времето на Отоманската империја, имаат популистичка приказна“, вели Фејза Акинердем, медиумски социолог од Универзитетот Богазичи во Истанбул.

Овој вид на серии подготвуваат културолошки плодно тло за политички деспотизам“, вели турскиот новинар во егзил Кан Дундар.

Во исто време, голем дел од сериите кои се присутни и на повеќето наши телевизии, го романтизираат минатото повеќе отколку што се гружат за историската вистина, предупредуваат други критичари.

Имено, нивната содржина е строго контролирана од „РТУК“, основана во 1994 година, како регулаторно тело за медиуми во Турција.

Youtube
Принтскрин / Youtube

Без алкохол и голотија

Еден ТВ канал неодамна беше казнет за серија во која вонбрачните врски наводно се прикажувале како „пожелни“. Алкохолот и голотијата исто така не поминуваат низ државната цензура.

Сексот, реферирање на различна сексуална ориентација или алкохол се содржини што предизвикаа затворање на некои телевизии со денови“, вели социологот Бесим Кан Зирх од Универзитетот Одту во Анкара.

Во последните две децении, се чини како конзервативноста се враќа на голема врата темелно преструктуирајќи ги медиумите, додава Бесим.

youtube
Принтскрин / Youtube

Зад многу од овие одлуки стои идејата за заштита на идеалите на соврешно турско семејство“, посочува тој.

Медиумскиот социолог Фејза Акинердем, сепак, забележала една промена во содржината на турските серии.

Насилството врз жените е голема тема и го наоѓа своето место во бројни продукции во последниве години… Женското секојдневие стана проминентна тема“, вели социологот и феминист Акинердем.