Седат Пекер, туску мафијаш, кој избегал од Турција, поради тоа што полицијата го бара за да го упаси, е дел од актуелната афера во Македонија, „Мафија“, за издавање на документи (пасоши и лични карти) со лажни идентитети на водачи на разни криминални групи во регионот.
Седат Пекер, кој во Турција го претставуваат како лидер на голема криминална организација, преку видео пораки кои ги објавува на интернет се пресметува со турската држава која по него има распишано потерница, а во земјата се вршат постојани претреси на негови канцеларии, имот, лица поврзани со него…
Во едно од видеата објавено пред неколку дена Пекер се фали дека бил пријател со македонскиот премиер и со лидерите на сите политички партии во таа земја и дека бил депортиран само затоа што визата за престој во Македонија му истекла само три дена.