Македонија испрати еден милион евра финансиска помош досега за настраданите во Турција. Ова го изјави турскиот амбасадор и посочи:
„До минатиот петок во Турција е трансферирана сума близу еден милион евра, се надеваме и на уште поголема цифра“
Како што најави тој, денес првата помош е товарена во два камиона и се состои од 25 тона прехрамбени и хигиенски материјали и 4000 ќебиња кои ќе бидат пренесени во Газиантеп .
„На оваа моќна солидарност искажана во овие тешки денови турскиот народ со благодарност ќе се сеќава“, изјави турскиот амбасадор.
Како што рече тој, со голема благодарност се следи теренската работа на спасувачките екипи, и тие ќе бидат испишани со златни букви во срцата на турскиот народ и турската историја. Дополни и дека засега нема потреба од дополнителни спасувачки екипи.