Во време кога тензиите меѓу Турција и Грција се намалија бидејќи страните се пред договор за продолжување на преговорите, неочекуван потег дојде од Турција. Турските копнени сили спроведоа вежба многу близу до границата со Грција, каде тенкови ја завземаа целата гранична линија. На вежбата, тие симулираа премин на река со моќните тенкови „Леопард 2“. Ова беше проследено со голема загриженост од грчка страна, бидејќи целата гранична линија ја дели реката Еврос, чиј премин Турците го симулираа за време на вежбата.
– Advertisement –