Во турска Кападокија секое утро се организираат тури со балони за туристите кои сакаат да уживаат во воздушниот поглед на прекрасниот пејзаж, пишува Анадолија.

Така, туристите можат да уживаат и во изгрејсонцето на оваа локација.

Секоја година Кападокија, која е на листата на светско наследство на УНЕСКО, ја посетуваат неколку милиони туристи од целиот свет, а се случува наутро на небото да летаат до 100 балони, од кои секој може да превезе до 20 луѓе. .

Многу домашни и странски туристи ја посетуваат Кападокија за да уживаат во прекрасните пејсажи.

Во последните пет години, повеќе од 14 милиони туристи ги посетиле музеите и другите знаменитости во регионот.

Кападокија е една од најпознатите туристички дестинации во Турција, каде што се спојуваат убавината на природата и историјата, формирајќи еден од најубавите пејзажи во светот, создаден од ерозијата на вулканската пепел.

Додека геолошките движења формираа бели самовилни оџаци, луѓето оставија траги од цивилизации во Кападокија низ историјата, градејќи куќи во карпите и претворајќи ги во ремек-дела.