Претставниците на туристичките агенции испратија нови барања до Владата. Стравуваат за иднината на своите бизниси. Без итна финансиска помош ќе бидат принудени да стават клуч на врата, како што тоа веќе го сториле дел од нивните колеги во овој сектор. Падот на прометот кај сите туристички агенции надминува дури 80 отсто, тврдат туристичките работници.

„Неопходна, и неповратна финансиска помош за секоја лиценцирана туристичка агенција, се со цел опстанок и ликвидност на компаниите. Бараме ваучерите кои ќе се доделуваат од владата од кампањата „Дома си е дома“ овој пат да не бидат скокнати туристичките агенции, туку да бидат задолжително искоритени преку туристички агенции“, рече Ана Марија Алексова туристички работник.

– Advertisement –

Туристичките работници побараа од владата да го пролонгира и рокот за искористување на оние ваучери кои на граѓаните им беа доделени од агенциите бидејќи тие не го реализирале патувањето поради затворените граници. Рокот е до крајот на годинава, но Алексова смета дека треба ново прплонгирање, за една година односно до 31 декември 2022 година. Што се однесува околу понудата , агенциите нудат аранжмани за во Албанија, Турција и Црна Гора земји каде засега не бараат ПЦР тестови, но интересот е незначителен. Од туристичкиот сектор најавија дека во вторник ќе им се придружат на протестот на угостителите.

Иле Петревски

Прикажи повеќе